Последен јавен состанок за 2020 година на АААВМУ преку видео врска
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку видео конференциска врска ќе го одржи последниот јавен состанок за 2020 година.
За спроведените активности согласно Годишната програма на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како што е најавено, ќе говори директорот Зоран Трајчевски.
Ќе бидат презентирани и реализираните активности на АААВМУ за четвртиот квартал од оваа година, како и клучните наоди од анализата на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2019 година.