Последни денови од ИПАРД инфо караванот

Инфо караванот за ИПАРД 2014–2020 денеска попладне ќе продолжи со активности во Демир Хисар. Присутните ќе може да слушнат нешто повеќе за аплицирање и искористување на Мерката 1 – инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства.

Утре караванот ќе биде во Неготино и во Кавадарци, додека во понеделник, на 27 јули, ќе ги осети општините Зајас и Осломеј.

Последниот ден, на 28 јули, ИПАРД инфо караванот ќе биде во општина Конче.

ИПАРД инфо деновите ќе се реализираат според новиот протокол за заштитата од КОВИД-19.

-Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерката 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата за е 3 август 2020 година. Мерката 1 или инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица кои што се носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство, наведуваат од Инфо караванот.

По новиот протокол, инфо средбите ќе се одржуваат на отворен простор, а на влезот на секоја локација ќе бидат поставени два пулта – на едниот ќе се мери телесната температура на секој посетител, ќе се дезинфицираат рацете и ќе се дава заштитна маска ако некој не носи, а на другиот ќе се прави евиденција за присутност, ќе се дава рекламен материјал и освежителен пијалак, вода или сок.

– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370, стои во соопштението.

Back to top button
Close