Последни септемвриски битки во Лигата на нациите
– Денес е последниот ден од натпреварите во Лигата на нациите во септември. Вечерва се играат последните 9 натпревари од второто коло на турнирот. Повторно, ќе можеме да гледаме многу интересни судири на теренот на Стариот континент.
За нас најинтересен е дуелот во Тбилиси, каде македонската репрезентација гостува ан селекцијата на Грузија. „Жолто-црвените“ ќе бркаат втора победа во новото издание на натпреварувањето, откако изминатиов викенд во Скопје ја совладаа Ерменија со 2:1.
Традиционално, највозбудливите натпревари се од Лигата „А“. Светскиот првак Франција е домаќин на Хрватска во обид да оствари втора победа во групата 3. Ова ќе биде своевидно повторување на финалето на Светското првенство во Русија во 2018 година. Доста возбудлив е и другиот натпревар од групата, во кој се соочуваат Шведска и Португалија.
Интерес буди и натпреварот помеѓу Данска и Англија во групата 2, а на другиот натпревар од групата Белгија е домаќин на Исланд во потрага по 12-от последователен успех на нивна сметка.
Лига „А“
Белгија – Исланд
Данска – Англија
Франција – Хрватска
Шведска – Португалија
Лига „Ц“
Ерменија – Естонија
Грузија – Северна Македонија
Кипар – Азербејџан
Луксембург – Црна Гора
Група „Д“
Сан Марино – Лихтенштајн