Посредник за Спутник-В за Македонија: Парите ќе ги примам по пристигнувањето на вакцините

Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија во изјава за Ал Џезаира тврди дека е посредник на руските вакцини Спутник-В за Македонија. Освен за Македонија тој е посредник и за  БИХ, Алжир и Бугарија.

Тој вели дека поседува договор за застапување на овие четири земји потпишан со инвестицски фонд од Русија.

–  Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“ која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно  и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година – вели Лакушиќ.

Лукишиќ вели дека парите за набаката ќе ги прими по пристигнувањето на вакцините.

Лакушиќ истакнал дека во Србија има проблеми со српското правосудство за вакцините, односно изјави дека „бил мета на режимот на Вучиќ“. Ги негира шпекулациите дека набавката се вржи преку сомнителна компанија во Швајцарија.

Back to top button
Close