Постар човек вознемирувал малолетничка во Демир Капија

На 27.12.2024 година во 21.50 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.П.(72) од Демир Капија, постапувајќи по пријава од Ф.М.(43) од демиркаписко село.

Според пријавеното, во Демир Капија, неговата малолетна ќерка истиот ден била запрена од М.П. кој откако ја сопрел почнал да и упатува прашања, а и понудил и да седнат во ресторан. Откако малолетничката одбила, тој рекол дека повторно ќе ја побара, а таа се вознемирила и исплашила.

Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и преставник од Центарот за социјални работи Неготино. М.П. бил приведен во полициска станица, јавниот обвинител е известен, а по документирање на настанот се очекува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close