Поставени шините за македонските преговори со ЕУ

За важноста на нацрт преговарачката рамка што вчера ја усвои Европската Комисија, во 9 часот пред Собранието ќе се обрати лидерот на СДСМ.

  

„Европската Комисија ја претстави нацрт преговарачката рамка за Северна Mакедонија и Албанија”. „Германија ќе направи се’ за позитивни исчекори на двете земји до крајот на годината”. Ова се само дел од насловите и акцентите издвоени во медиумите во регионот, по вчерашната вест дека Европската комисија ја усвоила предлог преговарачката рамка за земјата.

Според неофицијални најави, во следните две седмици документот ќе се разгледува од земјите членки на ЕУ, кои треба да ја одобрат финалната верзија според која ќе се водат македонските преговори за членство во Унијата. Предлогот кој е изготвен од тимот на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се темели на новата, ревидирана методологија за пристапување.

Важен чекор

Како што пренесоа од Брисел новинските агенции, Вархеји изјавил дека е во прашање „уште еден важен чекор на патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ”.

Belgien l Europaparlament befragt Ersatzkandidaten für von der Leyens EU-Kommission - Oliver Varhelyi (Getty Images/AFP/J. Thys)Еврокомесарот Вархеји се надева дека „што поскоро“ ќе се одржат првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија

„Нашите предлози се засноваат на ревидираната методологија за проширувањето која ја претставивме во февруари година, за да го направиме процесот на пристапување што покредибилен, подинамичен, попредвидлив, и со посилно политичко управување”, изјави Вархеји.

Комесарот за проширување очекува разговорите со земјите членки на ЕУ за преговарачките рамки да почнат „што поскоро“, и се надева дека „што поскоро“ ќе се одржат првите меѓувладини конференции со двете земји.

„Нивната иднина е во ЕУ и уверен сум дека ќе продолжат да ги исполнуваат реформите нa европскиот пат, како што тоа го правеа и досега “, истакна Вархеји.

Меѓувладина конференција до крајот на годината

Се очекува ревидираната методологија да биде помотивирачка за земјите кои влегуваат во преговарачкиот процес, со оглед дека застојот или назадувањето ќе биде соочено со реверзибилност на процесот, доколку земјата кандидатка не ги исполнува задачите.

Откако сите членки на ЕУ ќе се согласат со текстот на преговарачката рамка, претседателство со Советот на ЕУ ќе ја претстави таа усогласена позиција на Унијата на првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи и формалниот почеток на преговарачкиот процес.

Германија, која од 1-ви јули го презеде претседавањето со Советот на ЕУ, се надева дека тоа ќе се случи за време на нејзиното претседавање.

„За нас е важен фактот дека за време на хрватското претседателство се донесе одлука за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. Ние сакаме да се надоврземе на таа одлука и би инсистирале за време на нашето претседавање со Советот да се одржат меѓувладините конференции со двете земји“, изјавил шефот на германската дипломатија Мас на вчерашната прес-конференција.

Официјален Берлин укажува на важноста што ќе ја има продолжувањето на реформите и јакнењето на владеењето на правото, зa секој следен чекор на на земјите од Западен Балкан на патот кон евроинтеграцијата.

Europaparlament der Mazedonische Premierminister Zoran Zaev (Getty Images/AFP/F. Florin)Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе зборува за важноста на нацрт преговарачката рамка што вчера ја усвои Европската Комисија

Македонскиот јазик во ЕУ

Она што најмногу го привлече вниманието, е враќањето на македонскиот јазик во документите на Унијата, без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

Како што објави вчера „360 степени“, во предлог преговарачката рамка што ја усвои Европската комисија пишува дека Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право на македонски (Macedonian) пред официјалното зачленување во ЕУ, што е чин на признавање и прв чекор кон промоција на македонскиот во иден официјален јазик на Унијата

Медиумот потсетува дека терминот „македонски јазик“ (Macedonian language последен пат може да се сретне во документ на Европската Унија во далечната 2005 година. Потоа терминот македонски јазик исчезнува од документите на ЕК и на ЕУ, за повторно да се појави во вчерашната предлог преговарачка рамка за Северна Македонија што ја усвои Европската комисија.

извор: ДВ

Back to top button
Close