Постои неусогласеност меѓу европскиот интерес и перцепцијата за националниот интерес кај повеќето Бугари за прашањето за С. Македонија, вели специјалниот германски пратеник Сарацин

На Балканот е важно да се знае каде оди патот. Ретко кој во регионот сака да биде дел од некоја нова верзија на Руската империја, вели Мануел Сарацин, специјален претставник на Германија во разговор за бугарската реадакција на Дојче веле. Осврнувајќи се на бугарската блокада за почеток на преговорите на Македонија, Сарацин вели:

Моето разбирање е дека ако сте дел од Европската унија, секогаш треба да балансирате помеѓу темите кои се перципираат како дел од националниот интерес, внатрешните околности и европскиот интерес. Мислам дека постои јасна неусогласеност меѓу европскиот интерес и перцепцијата за националниот интерес кај повеќето Бугари за прашањето за Северна Македонија. Но не мислам дека тоа придонесува за зајакнување на позицијата на популистите. Целта е да се поддржат добрите национални политички актери во нивните обиди да најдат решение и компромис и да покажат дека можат успешно да балансираат меѓу европското и националното“.

На прашањето дали водечки фактор за недоразбирањата како оние меѓу Бугарија и Северна Македонија е наводното руско мешање во овие прашања или интересите на локалните политички актери Сарацин одговара: „Мојата анализа покажува дека Русите ги користат постоечките конфликти во националните дебати или во билатералните односи. Тие се обидуваат да ги искористат и ескалираат. Ова е обид да се идентификуваат слабостите. Вообичаено, руската пропаганда не измислува радикални нови поделби во општествата, туку се обидува да се држи до нешто што веќе постои.

Но, спротивно на прашањето – мојот одговор е дека и двата фактори се важни. Нашиот проблем е што не сме доволно обединети и тоа нѐ прави слаби. Затоа дозволуваме руското влијание да ја искористи оваа слабост. Стратегијата за искористување на национализмот како начин за создавање проблеми постои долго време. Ова е многу стара игра и не ја користи само Кремљ, туку и други.

Не можеме да ги обвинуваме само Русите. Мора да бидеме внимателни со нивните обиди да ги туркаат нивните интереси и влијание и да не стават во слаба позиција. Треба да ги одржуваме нашите општества колку што е можно обединети“.

Сарацин вели дека е тежок одговорот на прашањето колку е успешна стратегијата на Русија за поделба на балканските општества и држави. Од една страна, вели тој не смее да се потценат потезите на Русија и нивниот успех во поделбата на балканските општества. Ова прашање ја вклучува и контролата на критичната инфраструктура и наративите за конзерватизам и национализам. Но, од друга страна, тој верува дека за Западен Балкан и за постсоцијалистичките општества воопшто да знаат каде одат. Ретко кој во регионот сака да стане дел од Евроазиската унија или некоја нова верзија на Руската империја.

„По она што се случи во Украина и неодамнешната споредба меѓу Путин и Петар Велики, светогледот на Кремљ е јасен. Изгледите да се биде обединет, со еднакви права и европско државјанство е сè уште многу попривлечна од која било руска сугестија за дезинформација“, оценува Мануел Сарацин.

Back to top button
Close