Постои ризик од дестабилизација на Западен Балкан, сметаат ЕУ дипломати

Високи дипломатски извори велат дека на денешниот ЕУ самит ќе се разговара и за Западниот Балкан. Безбедносната проценка е дека не е исклучен ризик од дестабилизација поради руско-украинската војна,

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ попладнево пристигаат во Брисел за вонреден самит посветен целосно на војната во Украина. Главната цел е усвојување на втор посилен пакет на санкции против рускиот режим откако тој ноќва ја нападна Украина.

Високи дипломатски потврдија дека „Балканот се усогласува со Европската Унија” во делот на одговорите на руските воени дејствија и дека ЕУ е во постојан контакт со лидерите од регионот.

-Јасно е дека постои безбедносен ризик во регионот, оваа закана ја сфаќаме многу сериозно, рече дипломатот, кој додаде и дека за темата се разговарало на состанокот на Г7 групата денеска.

Европската Унија вечерва ќе се стреми кон единство во својот одговор и санкции кон Русија, објаснуваат дипломатите кои денеска интензивно ги брифираат новинарите пред почетокот на ЕУ самитот.

Back to top button
Close