Постот во кој Стојанов нудеше 200 евра за името на македонски полицаец е тргнат: „, Фејсбук ме блокираше“

„360 степени“ упати прашање до Стојанов, зошто го избришал постот, дали можеби го добил името на полицаецот и ја доделил наградата од 200 евра или пак станува збор за нешто друго? Стојанов ни одговори дека името на полицаецот се уште не го добил, а постот бил отстранет од страна на самиот систем на Фејсбук, бидејќи ги нарушувал правилата и поради тоа профилот на оваа социјална мрежа му е блокиран два дена

Претседателот на бугарската „Фондацијата Македонија“ Виктор Стојанов кој вчера на својот фејсбук профил нудеше 200 евра за името на македонски полицаец од граничниот премин „Девер Баир“, го избришал својот пост.

На Стојанов од синоќа му е забранет влез во Македонија. Тој вчера преку Фејсбук нудеше награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците кои вчера приведоа тројца бугарски државјани на граничниот премин „Деве Баир“.

 

Оваа порака повеќе не може да се најде на фејсбук профилот на Стојанов. „360 степени“ упати прашање до Стојанов, зошто го избришал постот, дали можеби го добил името на полицаецот и ја доделил наградата од 200 евра или пак станува збор за нешто друго?

Стојанов ни одговори дека името на полицаецот се уште не го добил, а постот бил отстранет од страна на самиот систем на Фејсбук, бидејќи ги нарушувал правилата и поради тоа профилот на оваа социјална мрежа му е блокиран два дена.

Тројца Бугари вчера упатуваа недолични зборови и се обидоа да нападнат полицајци, разгневени поради тоа што системот на граничните премини не беше во функција речиси три часа. Тоа предизвика тензија на „Деве Баир“ по што тие беа приведени, а групата што ги придружуваше одлучи да не влезе во Македонија.

Меѓу нив беше и претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов кој првично ги пренесуваше реакциите на гневните бугарски државјани во живо на Фејсбук, кои недолично и со навреди се однесуваа кон македонските полицајци.

Околу 150 бугарски државјани вчера организирано требаше да дојдат во Скопје на чествување на 151-годишнина од роденденот на револуционерот Гоце Делчев.

Back to top button
Close