Построги казни за непочитување на мерките во Бугарија

Тој истакна дека поради зголемување на бројот на нови случаи со коронавирус, вонредната епидемиолошка ситуација ќе биде продолжена до крајот на месецов, со цел Владата да може пофлексибилно да издава посебни налози доколку е потребно.

Ананиев ги повика локалните власти да спроведат епидемиолошки мерки и да ги ограничат јавните собири, истакнувајќи дека казните за непочитување на мерките ќе бидат построги.

Во Бугарија се укинати речиси сите рестриктивни мерки за спречување на Ковид-19, со цел економијата повторно да заживее и засега не се планира ново затворање.

Во земјата досега се регистрирани 5.740 заразени и 246 смртни случаи.

Back to top button
Close