Потона брод со мигранти во Медитеранот, 50 мртви
Околу 50 мигранти загинаа откако нивниот брод потона во централниот дел на Медитеранот, според сведочењето на единствениот преживеан. Веста доцна синоќа ја објави Тајмс оф Малта, пишува Anadolu Agency.

Вооружените сили на Малта потврдија за малтешки весник дека мажот бил спасен од товарен брод во близина на брегот на Тунис во петокот. По спасувањето тој бил пренесен на Малта за укажување лекарска помош. Настанот беше потврден и од Alarm Phone, независна група за поддршка на мигрантите кои го преминуваат Медитеранот.
На социјалната мрежа Х тие изјавија: “Властите потврдуваат дека еден преживеан е спасен во Малта. Според него, 50 луѓе не преживеале. Луѓето го напуштиле Тунис и поминале 24 часа во вода”.
Минатата недела, Аларм Телефон објави дека околу 150 луѓе се водат за исчезнати во централниот дел на Медитеранот, испловувајќи од Тунис со најмалку три чамци. Засега не е потврдено дали бродот што потона бил еден од тие тројца






