Потопло време, но и поројни дождови, грмежи и засилен ветер

Следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на  нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За утре УХМР најавува максимални температури од 19 до 25 степени, по што во наредните пет дена таа ќе достигне и до 32 степени. Минималните температури ќе се движат во интервалот од 5 до 17 степени.

Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд,  повремени поројни и на места проследени со грмежи. Ќе дува умерен засилен претежно северен ветер, најизразен долж Поварадарието.

Back to top button
Close