Потпишан договор со кој се најавува дека Клиничка болница Тетово ќе се реконструира со донација на компанијата Еколог

Директорот на Клиничка болница Тетово Илир Демири со Љазим Дестани, сопственикот на бизнис групацијата Еколог денес потпишаа меморандум за соработка што треба да резултира со донации од компанијата кои ќе се искористат за реконструкција на делови од здравствената установа.

Како што беше најавено, соработката ќе почне со реконструкција на 400 квадратни метри во амбулантите во повеќе оддели, како и со во површина од околу 800 квадратни метри во темелна обнова на деловите каде се извршува болничко лекување на пациенти.

 

-Групацијата Еколог во континуитет се грижи за граѓаните на Тетово и пошироко. Еколог има вложено во хуманитарни цели во Скопје во Градска болница, но сега со посебен осврт на Клиничка болница Тетово каде ќе почне една соработка за донација и ангажман, која компанијата Еколог ќе инвестира и тоа реконструкција на амбулантскиот дел во интерни клиники, што опфаќа реконструкција на две амбуланти за ендокринологија, една за ЕЕГ, една за невролошка амбуланта, психијатриска амбуланта и со големо задоволство кажувам дека дечињата од Тетово ќе имаат и педијатриска амбуланта во самото приземје. Секоја болничка соба ќе биде опремена со тоалет и туш-кабина во самата соба. Ќе се олесни и ќе се подобри квалитетот на здравствените услуга која ќе се понуди на овие болнички лекувани пациенти. Ова е само почеток на инвестицијата и соработката помеѓу Клиничка болница Тетово и корпорацијата Еколог, изјави Илир Демири, директор на Клиничка болница Тетово.

Според директорот износот на вложувањето на самиот почеток е над милион евра, а во иднина ќе зависи од повеќе околности како и од подготвеноста на болницата.

-Среќен сум што имаме можност да ја поддржиме Тетовската Клиничка болница во оваа форма. Убеден сум дека тетовските пациенти заслужуваат европски услови и третман, исто како што ни доликува заедно да сме европски граѓани и европска држава. Благодарен сум и на моето семејство за оваа донација, како и за заложното работење на директорот на Болницата Д-р Илир Демири коешто рефлектира доверба дека со професионален и искрен пристап може да се направат големи работи, изјави Љазим Дестани.

Демири и Дестани направија и обиколка низ болницата.

Back to top button
Close