Потпишан Меморандум меѓу Северна Македонија и САД за создавање партнерство против дезинформациите

Северна Македонија и САД ја градат трајната врска врз заеднички вредности и принципи како слободата, демократијата, правдата и владеење на правото, велат од Владата

Република Северна Македонија и САД ќе соработуваат во спротивставување на манипулациите со информации и борбата со дезинформации. Меморандумот меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации е потпишан од премиерот Димитар Ковачевски и Џејмс П. Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, информираат од владината прес служба.

„Северна Македонија и САД трајната врска ја градат врз заеднички вредности и принципи како слободата, демократијата, правдата и владеење на правото. Претседателот на Владата изрази благодарност за соработката и ја потенцираше важноста на Меморандумот констатирајќи дека ова претставува огромна поддршка за Северна Македонија во градењето цврста демократија“се додава во соопштението од Владата.

Од Владата велат дека пријателството меѓу Северна Македонија и САД е гаранција за стабилноста и просперитетот на нашата држава, како и на цел Западен Балкан.

Back to top button
Close