Потпретседателот на руската компанија за транспорт на нафта „Транснефт“ е пронајден мртов
Безживотното тело на потпретседателот на руската државна компанија за транспорт на нафта „Транснефт“ – Андреј Бадалов е пронајдено во близина на станбена зграда на автопатот Рубљов во западниот дел на Москва, изјавија за РИА Новости од московската служба за итни случаи.
Како што е наведено, во времето на инцидентот, неговата сопруга и двете ќерки биле во станот.
Истражна работна група започна истрага за случајот.
Не е познато дали станува збор за самоубиство или за убиство.