Потрагата по двајцата исчезнати Македонци на Халкидики е сопрена поради мракот

Потрагата по двајцата исчезнати Македонци во областа околу Посејди, на Халкидики е сопрена поради мракот, а спасувачките екипи се подготвуваат да ја продолжат потрагата утре додека брод на Крајбрежнта стража се уште е активен и плови во областа каде исчезнале двајца мажи.

Според грчките медиуми, исчезнатите се на возраст од 28 и 30 години, додека третиот кој е спасен со чамец на Крајбрежната стража е на 25-годишна возраст. По извлекувањето од морето, спасениот македонец е прегледан и нема посериозни здравствени проблеми.

-Тројцата млади мажи дошле од Скопје за да прослават раѓање на дете, изјавила Анастасиа Чалкиа, градоначалничка на Касандра во Халкидики.

Македонците се бањале во морска област која локалните жители ја избегнуваат поради силните морски струи, но и поради тоа што таму се движат бродови и чамци.

Back to top button
Close