Потребни се повеќе средства за работа на локалитетот „Стоби”

Вработените во НУ Стоби очекуваат годинава да добијат повеќе средства од Министерството за култура и туризам за да можат да работат непречено на локалитетот. Минатата година добиле средства преку проекти кои ги сработувале за мал број денови. Ако не беа летните школи финансирани од странски фондации, немаше да има континутитет на работа во летниот период.

 

„Лани установата доби само 3,5 милиони денари за работа по проекти, што е најмалку откако постои од 2008. Овде имаме објекти кои заслужуваат многу внимание и бараат многу средства за работа за да можат соодветно да бидат презентирани. Еве, театарот го работиме од 2014 и секоја година средствата се намалуваат, па лани колегите работеа таму само 10-15 дена. Уште еден објект кој е единствен на Балканот, градбата со арки со фантастична ѕидна и подна декорација, тотално е запоставен. Оваа година фокусот ќе биде на него“, кажа Силвана Блажевска, директорката на НУ Стоби.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вети зголемување на средствата за работа, но постепено. (СДК)

Повеќе…

Back to top button
Close