Потврден е првиот случај на омикрон во земјава, кај човек што дошол од Велика Британија

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија денеска е деректиран првиот случај на лице заразени со сојот омикрон на вирусот SarsCoV2.

Секвенционирањето е направено во приватната болница „Жан Митрев“ во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски случај.

По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По вторпат позитивен тест на Ковид 19 има од пред два дена, по што е потврдено дека се работи за инфекција со сојот омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом, велат здравствените власти.

Back to top button
Close