Повеќе градови низ државата останаа без струја поради голем дефект

Половина Македонија ноќеска остана без струја, а во некои делови електрична енергија повторно има дури од утрово околу 6 часот.

Без струја беше и Скопје. Струја немало во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово. Која е причината и дали станува збор за дефект од поголеми размери детели очекуваме во текот на денот.

Од ЕВН контакт центарот утрово одговориле дека станува збор за голем дефект, но дека електродистрибутивниот оператор не е виновен за тоа, туку дека проблемот е системски.

Back to top button
Close