Повеќе населби и делови на Скопје без струја- дефект на голема трафостаница

Големи делови на скопските населби Карпош, Влае, Тафталиџе, Ѓорче Петров и Центар останаа без струја, пренесе Телма повикувајќи се на информации од ЕВН.

Според нивните податоци 110-киловолтната трафостаница Запад е во дефект, а екипи на ЕВН се упатени на терен за отстранување на дефектот.

Во меѓувреме, потрошувачите се префрлаат на други алтернативни извори за напојување, информираа од ЕВН.

Back to top button
Close