Повеќе од 100 градоначалници од глобалниот парламент во ноември нагости во Скопје кај Aрсовска

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во ноември годинава ќе биде домаќинка на повеќе од 100 градоначалници од целиот свет, во рамки на Годишниот Самит на Глобалниот парламент на градоначалници кој во 2023 година ќе се одржи во Македонија – соопшти Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

– Горда сум што како Градоначалник на Град Скопје и дел од раководството на глобалната мрежа на градоначалници, Скопје во ноември ќе биде домаќин на повеќе од 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот Исток, Африка и што како платформа ќе отпочнеме со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваме, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктура – истакна градоначалничката Арсовска при посетата на САД.

Back to top button
Close