Повеќе од 12 милиони луѓе заразени со коронавирус во светот

– Со повеќе од 219 илјади случаи за само еден ден, вкупниот број на заразени со коронавирусот во светот надмина 12 милиони и 300 илјади луѓе, соопшти Светската здравствена организација.

Бројот на починати надмина половина милион и достигна 556 илјади.

Според последните податоци на СЗО, за еден ден се регистрирани 219.983 нови случаи на заразени, а починале 5.286 пациенти со Ковид-19.

Вкупниот број на заразени во светот достигна 12.322.395, бројот на смртни случаи 556.335.

Најголем број на заразени има во САД – 6.397.230 и во Европа – 2.888.850.

Back to top button
Close