Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се регистрираше за да присуствува на официјалната инаугурација на папата Лав XIV во Ватикан, заедно со повеќе од 150 делегации од целиот свет, соопшти денеска Светата Столица.
На утрешната мисата на плоштадот Свети Петар, меѓу другите, ќе присуствуваат и германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и канадскиот премиер Марк Карни.
Американската делегација ќе биде предводена од потпретседателот Џеј-Ди Венс, а државниот секретар Марко Рубио, исто така, планира да присуствува.
Претставници од Италија, Перу и САД ќе имаат места во првиот ред во ВИП галеријата, бидејќи Лав има перуанско и американско државјанство, пренесе ДПА.
Настанот веројатно ќе вклучува различни средби меѓу државните гости. Според државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, се прават обиди да се организира билатерална средба меѓу папата и Венс.
Венс последен пат го посети Рим во април, кога беше последниот политичар што се сретна со починатиот папа Франциск пред неговата смрт на 21 април.
Лав Четиринаесетти стана првиот папа од САД на 8 мај, преземајќи ја улогата на водач на 1,4 милијарди католици во светот.