Повеќе од 150 држави се пријавија во глобална иницијатива за вакцини против коронавирусот
Повеќе од 70 богати земји се регистрираа за глобална иницијатива за вакцини против коронавирусот, што ќе им обезбеди да купат повеќе вакцини за складирање за своите граѓани.
Во денешното соопштение, алијансата за вакцинирање Гави објави дека 75 држави најавиле дека ќе се приклучат на новиот „Ковакс погон“ заедно со 90 други земји со ниски приходи, со надеж дека вакцините ќе им бидат донирани.
Иницијативата може да им овозможи на богатите земји да ги зголемат своите залихи на вакцината против новиот коронавирус, додека оставаат помалку дози за ранливото население.
Некои земји, вклучително Велика Британија, Франција, Германија и САД веќе нарачале стотици милиони дози пред да се покаже дека вакцините се ефикасни.
Критичарите велат дека оваа алијанса за вакцини им нуди на богатите земји шанса да купат уште повеќе вакцини. Извршниот директор на Гави призна дека не постои механизам за спроведување на законот, но рече дека ќе разговараат со богатите земји за да предложи можни решенија.
Од Гави велат дека 165 земји, кои сочинуваат околу 60 отсто од светската популација, изразиле интерес да учествуваат во алијансата. Алијансата има за цел да собере околу две милијарди американски долари за купување вакцини.