Повеќе од 30 мртви по експлозија во хемиска фабрика во Индија

Бројот на потврдени смртни случаи по експлозија во хемиска фабрика во јужна Индија се искачи на најмалку 35, соопштија денеска властите.

Триесет и едно тело е извлечено од урнатините, додека три лица починаа во болница од повредите, според началникот на полицијата на округот Сангареди во државата Телангана.

Министерот за здравство на Телангана, Дамодар Раџанарсимха, во понеделник вечерта соопшти дека бројот на жртви е 12.

Бројни работници се повредени и во експлозијата, која се случила во индустриска зона во близина на градот Хајдерабад.

Според Раџанарсимха, повеќе од 90 лица биле во објектот за време на експлозијата, што предизвикало уривање на трикатна зграда.

Индиските медиуми објавија дека првичната експлозија предизвикала секундарна експлозија и голем пожар.

Операциите за пребарување и спасување продолжија денеска, додека тимовите за итни случаи ги пребаруваа урнатините за можни преживеани или дополнителни жртви.

Точната причина за експлозијата сè уште се истражува. Локалниот весник „Декан кроникл“ објави дека е можно да експлодирал хемиски реактор.

Инцидентот се случил во објект управуван од компанијата „Сигачи“, која произведува фармацевтски и хемиски производи.

Back to top button
Close