Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа: Мртовечниците преполни со тела

Откако прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас заврши во март со израелски воздушни напади, бомбардирањето продолжи низ Газа.

Повеќе од 40 лица се убиени во последните израелски напади низ Појасот Газа, објавува Би-Би-Си.

Најмалку 36 тела наводно се однесени во болниците на југ, каде што беше пријавено интензивно израелско гранатирање во текот на ноќта.

Целта на нападите бил Кан Јунис, најголемиот град во јужна Газа.

Извор во болницата Насер во Кан Јунис потврди дека меѓу загинатите има деца, вклучувајќи и едно бебе. Нападите погодиле домови и шатори во кои се сместени раселени семејства во и околу градот.

Локалните новинари објавија дека мртовечницата на главната болница во градот е преполна со тела, додека собите за итни случаи се преполни со ранети

Back to top button
Close