Повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати во Бејрут по експлозијата

–  Повеќе од 60 лица се уште се водат како исчезнати во Бејрут, четири дена по експлозијата во пристаништето, во која загинаа повеќе од 150 лица, изјави денеска портпаролот на либанското Министерство за здравство.

Тој прецизираше дека имало 154 смртни случаи, а идентитетот на 25 од нив се уште не е утврден.

Според податоците од вчера на Министерство за здравство, најмалку 120 од 5.000 повредени се во критична состојба.

Back to top button
Close