Повеќе од 600 француски градоначалници испратија повик за реизбор на Макрон

 

 Вкупно 611 потписници-градоначалници бараат поддршка за реизборот на Емануел Макрон, вклучувајќи го и поранешниот премиер и градоначалник на Ле Авр, Едуар Филип, јави дописникот на МИА од Париз.

„Повеќе од 600 градоначалници, вклучувајќи го и Едуард Филип, упатија апел за поддршка на реизборот на Емануел Макрон за претседател на Републиката, поздравувајќи го петгодишниот мандат поволен за териториите и општините”, пишува во колумна објавена во „Журнал ди Диманш”.

„За да одговориме на огромните предизвици со кои се соочува нацијата – реиндустријализација, натамошно отворање на нашите општини, изградба на станови, зачувување на нашите предели и успех во еколошката транзиција – ни треба континуитет и стабилност”, пишуваат авторите.

Меѓу потписниците, покрај поранешниот премиер, сега градоначалник на Ле Авр, се и Кристијан Естрози (Ница), Хуберт Фалко (Тулон), Кристоф Бешу (Анже), Каролин Каје (Бове) и Оливие Клајн (Клиши-со-Буа Сена – Сен Дени).

„За нас, локалните избраници од Франција, Корзика и прекуокеанските територии, кои доаѓаат од сите политички страни и честопати без етикета, сметката е тука”, пишуваат понатаму авторите за поддршката за претседателот на Републиката која, според нив, „не следи никаков партиски интерес”, туку „е од општ интерес”.

„Ние едноставно сакаме да го продолжиме односот на доверба што за пет години успеавме да го изградиме со државата”, додаваат овие избрани функционери, вклучувајќи ги Дејвид Валенс (Сен Дие-де-Вож), Ален Кретјен (Везул). Карл Олив (Поаси), Жан-Шарл Орсучи (Бонифасио), Соња Лагард (Нумеа) и Сандра Трохимара (Кајен).

„Овој повик е првиот конкретен чин од пред-кампањата на кандидатот Емануел Макрон, на крајот на оваа недела во регионите”, коментира еден од претседателското мнозинството, додека многу локални избрани претставници беа организирани во последните недели во комитети за поддршка, на иницијатива на министерот за прекуокеански територии, Себастиен Лекорну и Тиери Солер, близок пријател на претседателот на Републиката.

Операцијата доаѓа околу два дена по затворањето на конгресот на Здружението на градоначалниците на Франција, на кој шефот на државата жестоко го бранеше сработеното, добивајќи попозитивен прием отколку во минатото и покрај обвиненијата на лидерите на Здружението.

Повеќе од 300 локални избрани функционери веќе ја изразија својата поддршка за Емануел Макрон во колумна објавена во јули

Back to top button
Close