Повеќе од седум дена нема нови случаи на коронавирус во Македонска Каменица

 И по една недела нема нови случаи на позитивни пациенти од Ковид-19 во Македонска Каменица. Четворицата пациенти кои минатиот понеделник беа регистрирани како позитивни на коронавирус според информациите на надлежните од здравствената станица во градот се со добар здравствен билтен.

– Пациентите се без посериозни симптоми и во добра општа здрсвствена состојба. Надлежните продолжуваат со спроведување на мерките за заштита од вирусот, така што се надеваме дека ќе остане само на првичните четири случаи во Македонска Каменица, велат од здравствената станица во градот.

Првиот случај на коронавирус во Македонска Каменица се појави на 24 -ти минатиот месец кај странски државјавин кој престојува во градот и е со работно место во оваа општина. Од неговите контакти произлегоа уште три нови позитивни случаи, а по направените тестирања на новите контакти, бројот на позитивни пациенти во рударското гратче се задржа на четири пациенти. в

Back to top button
Close