Повеќемина повредени во тешка сообраќајка на патот Маврово – Дебар
На 24.07.2025 во 17.30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар, пред место викано „Ростушко Анче“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од лице(45) од с.Скудриње, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со словенечки регистарски ознаки, управувано од лице(59) од Дебар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „опел“ ., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „тигуан“-, констатирани во Медицински центар во Дебар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар