Поведена истрага против две лица за пронајдено оружје и муниција во скопско Чифлик

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а надлежен јавен обвинител побара притвор за двете лица.

Како што информира ОЈО, вчера бил извршен претрес во домовите на двајцата осомничени во скопското село Чифлик, при што кај првиот осомничен било пронајдено огнено оружје – пушка Mannlicher STEYR M-95 со калибар 7,9 мм како и 75 куршуми од тој калибар. Кај вториот осомничен, пак, била пронајдена рамка за автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм.

За двајцата осомничени на возраст од 57 и 67 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор. Ваквиот предлог беше поднесен бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

Back to top button
Close