Поведена истрага за родосквернавење и обљуба на немоќно лице

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела „обљуба врз немоќно лице“ од член 187 став 1 и „родосквернавење“ од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба врз неговата 72-годишна баба, злоупотребувајќи ја нејзината немоќна состојба на болна жена со инвалидитет и моторен дефицит, поради кои не била во можност да се одбрани, наведоа од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата нa претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Back to top button
Close