Повик до сопствениците на урбана опрема во Охрид да обезбедат соодветно одобрение

 Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на урбана опрема кои не поседуваат одобрение за нејзино поставување, во најкус можен рок да поднесат барање до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина, со цел да им биде издадено потребното одобрение.

Одобрението за поставување на урбана опрема мора да се поседува во согласност со законските прописи и не е поврзано со одлуката за ослободување од надоместок за поставување на урбана опрема, како дел од економските мерки, кои Општина Охрид ги донесе во насока на намалување на последиците од здравствената криза со Ковид-19.

Поставувањето урбана опрема во Охрид отсекогаш претставувало тема за која многу се расправало и во минатото и сега, прашањето секогаш наидува на реакции од граѓаните, но најчесто кај локалните економски субјекти кои без исклучок сметаат дека тезгите се ништо друго, туку нелојална конкуренција. Најчесто се водат полемики по социјалните мрежи за тоа како се одредувани локациите каде ќе се дозволи поставување урбана опрема, дали се испочитувани критериумите во однос на габаритот на поставената урбана опрема, кои субјекти добиваат дозвола за поставување и слично.

Сопствениците на тезги речиси секогаш во своја одбрана велат дека тоа им е единствен начин за обезбедување егзистенција, додека граѓаните воглавно сметаат дека тезгите го нарушуваат изгледот на градот.

Back to top button
Close