Повик за учество во проектот ARISE – акција за намалување на нееднаквостите во образованието

Во име на меѓународниот Конзорциум на проектот ARISE, Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ги поканува сите заинтересирани граѓански организации да се пријават за учество во проектот. Целта на Проектот е поддршка на ученици со низок социо-економски статус и нивната подобра интеграција во образовниот систем и во заедницата преку менторство, учество во развој на политики и застапување за рамноправност праведност во образованието и учество во мрежни активности на национално и регионално ниво. 

Очекувани резултати на повикот се: 

  • Подобрен капацитет на локалните организации да се осврнат на прашањето за децата со низок социо-економски статус
  • Воведување нови практики за интегрирање на децата со низок социо-економски статус во заедницата.

Фондацијата „Чекор по чекор“ и избраната граѓанска организација заеднички ќе развијат и спроведат Акција со која се поддржува интеграцијата на децата со низок социо-економски статус во заедницата. Акцијата се очекува да трае од 24 до 30 месеци и ќе биде финансирана од Конзорциумот со грант од 25 000 до 35 000 евра. Со цел да имаат право да добијат грант, апликантите мора:

  • да бидат невладина организација основана и регистрирана во РС Македонија,
  • да имаат искуство од најмалку една година и да приложат докази дека работеле со локалните заедници за справување со прашањето на сиромаштија и/или поддршка на децата со низок социо-економски статус,
  • да работат во град/општина/регион во кој има значителен процент на деца со низок социо-економски статус.

За повеќе информации околу проектот, условите, потребните документи и процедурата за пријавување, која трае до 10 септември 2020 г., Ве молиме погледајте го целиот оглас на нашата интернет страница https://www.stepbystep.org.mk/mk/sorabotka, или на нашата Facebook страница https://www.facebook.com/stepbystepmk/?fref=ts

This project is funded by European Union

 

Back to top button
Close