Повисока излезност во Скопје од првиот круг: Како гласаа скопјани пред две недели, а како гласаат денеска?

Излезноста до 9 часот во главниот град е 5,10 отсто, што е речиси 2 проценти повисока од првиот круг кој се одржа пред точно две недели. Тогаш до 9 часот наутро на гласање излегоа 3,34 проценти од гласачите.

По општини, во Аеродром во првиот круг излегоа 3,71 отсто, а сега 5,44 проценти од гласачите.

Бутел излезноста денеска е 5,86 отсто, додека пред две недели беше 3,71 проценти. Гази Баба денеска гласале 5,83, додека во првиот круг 3,80 проценти. Во Ѓорче Петров излезноста денеска до 9 часот е 6,44 отсто, додека во првиот круг таа беше 4,07 проценти.

Во Карпош, кадешто практично се гласа и за градоначалник на општината и за Град Скопје има голем раст на излезноста. Таму денеска на гласање излегле 6,74 отсто од гласачите. Пред две недели тоа го сториле 3,49 проценти.

Во Кисела Вода на гласање денеска излегле 6,64 отсто од гласачите, додека во првиот круг тоа го сториле 3,96 проценти.

Намалување на излезноста се бележи во Сарај каде во првиот круг на гласање излегле 1,86 проценти, додека денеска до 9 излезноста е само 1,64 отсто.

Во Центар на гласање денеска излегле 6,10 отсто од гласачите, а пред две недели тоа го сториле 3,47 проценти. Во Чаир има благо зголемување на излезноста. Денеска на гласање излегле 3,58%, додека во првиот круг тоа го сториле 2,63 проценти.

Идентична е излезноста во Шуто Оризари. Таму и денеска и пред две недели на гласање излегле 2,70 отсто од гласачите.

 

Back to top button
Close