Повисоки плати и во образованието и брз интернет во сите основни училишта, ветува Спасовски

Носителот на листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево имаше средба со просветни работници во општината Бутел.

Тој ги истакна политиките на СДСМ и на Владата за вложувања во човечкиот капитал и рече дека со новата развојна економија, како што се зголемуваат минималнаат и просечната плата, така ќе има покачувања на платите во сите области.

– Во три наврати, кумулативно, платите на просветните работници и вработените во образованието ги зголемивме за 21.3 проценти и продолжуваме со нашите настојувања вработените во образованието да имаат повисоки пллати и достоинствени услови за работа. Режимот на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваше просветните работници, од нив правеше гласачка машина, ги носеше на контра протести и ги обремени со милион административни процедури, посочи Спасовски.

Тој и во новиот мандат најави големи вложувања во образованието и вистинска грижа за просветните работници и за учениците.

– Вложуваме во образованието. Со новата Програма предвидуваме поврзување на сите основни училишта со ултра брз интеренет, интерактивни училници, дигитализација и трасформација на наставната програма, што ги налага и актуелната здравствена ситуација со којашто се соочуваме, најави Спасовски.

Според него, следниот мандат на Владата ќе биде целосно посветен на економијата и кревање на животниот стандард на сите категории граѓани.

– Ние ги насочуваме парите кај граѓаните. Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари што е дури 120% повеќе од 9-те илади денари во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во 2016 година. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот ја биде до 34.000 денари. Со тоа платите во сите сектори ќе продолжат да растат – и во образованието, вети Спасовски на просветните работници на средбата во општината Бутел.

Back to top button
Close