Повлечено обвинението за случајот со смртта на Тамара Димовска

Обвинителството реши да не ги гони поранешните директори на Фондот за здравство за случајот со смртта на  девојчето Тамара Димовска од Велес, објави Телма. Обвинението против директорите од тоа време Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази денеска е повлечено, како и тоа против претседателката на Управниот одбор на фондот во тоа време, Елена Трпковска.

За другите 9 доктори што биле дел од комисии во Фондот кои одлучувале за лекување во странство наместо за несовесно работење во службата, Обвинителството решило да ги гони за дело од член 86 б став 2 во врска со став 1, од Законот за здравствено осигурување. Со ова преиначување, делото застарува и Кривичниот суд има само една опција – да го затвори предметот, пишува Телма

Повеќе

 

Back to top button
Close