Повредена е 46-годишна жена на концерт во КИЦ-Скопје, врз неа падна решетка од вентилација

МВР информира дека доцна синоќа во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Back to top button
Close