Повредени двајца рудари во Пробиштип  

Двајца рудари се повредени додека биле на своите работните места во рудник во Пробиштип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение информира дека синоќа во 20.10 и во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош биле донесени 54 годишниот Б.П. од Пробиштип и 49 годишниот О.В. од село Ратавица, пробиштипско, кои се повредиле за време на работа во рудник во Пробиштип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека само еден од рударите е хоспитализиран синоќа во Клиничка болница-Штип, направени се прегледи од страна на ортопед и хирург, по што рударот бил пуштен на домашно лекување

 

 

Back to top button
Close