Повредени пет лица во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Во судир меѓу две возила на патот Штип – Радовиш полесно повредени се пет лица.

Сообраќајната несреќа се случила на експресниот пат Штип – Радовиш.

Според првичните информации во несреќата учествувале две патнички возила.

Повредените лица се пренесени за укажување на лекарска помош.

Полициски екипи вршат увид, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Back to top button
Close