Повредениот Игор од Кочани до политичарите: Одлепете се од камери, ние имаме потреба од медицинска помош, секој ден ни е нов предизвик
Триесетгодишниот Игор Стоименов од Кочани, кој беше меѓу повредените во дискотеката „Пулс“, посочува дека додека власта и опозициските партии се препукуваат за трагедијата во Кочани, на нив им е потребна помош. Тој алармира дека тие имаат потреба од медицинска помош 24/7, па додава: „со еден доктор е невозможно“.
„Додека власта и опозицијата се препукуват кој е виновен за трагедијата, на нас повредените секој ден ни е нов предизвик. Боле, боцка, пече, чеша, отекува и така у круг… ние имаме потреба од медицинска помош, 24/7, шо со еден доктор е невозможно. Одлепете се од тие камери, не е е време за политика луѓе, време е за хуманост, треба ни грижа, поддршка, треба ни надеж!“, напиша Стоименов.
Стоименов има изгореници на левата раката од трет степен и трансплатирана му е кожа, а на левиот бицепс од втор степен. На десната рака до лакт му е пресадена кожа. Тој не смее речиси една година да излегува на сонце.
Тој и претходно алармираше дека потребно да се вложи итно во болницата во Кочани, бидејќи процесот на рехабилитација ќе трае.