Повредените пожарникари имаат изгореници на стапалата, згазнале во смола од стопен шеќер во еден од погоните на ,,Винчини”
Синоќа во пожарот кој избувна во фабриката ,,Винчини” во Виница, беа повредени неколку пожарникари.
-Во гаснењето учествуваа пожарникари од ТППЕ Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.
Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згазнале во стопената смеса, информираше Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.
Тој синоќа појасни дека пожарот е изгаснат.
-Во Винчини опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), сите имале сончеви панели на покривот.
Спасени се линиите од 1 до 5. Пожарот е под целосна контрола, рече Ангелов.
Извор: fokus.mk