Повторно гранатирање меѓу Израел и Хезболах во јужен Либан

И денеска продолжија гранатирања на либанско-израелската граница, што резултираше со ранување на една жена на либанска страна, изјави извор од безбедносните сили.

Како што пренесе ДПА, израелската војска соопшти дека две „непријателски воздушни цели на Хезболах кои преминале од Либан на израелска територија паднале во непосредна близина на постот Кфар Блум“.

Армијата соопшти дека нема повредени или материјална штета.

Како одмазда, израелски воени авиони нападнаа голем број „воени цели“ на проиранскиот Хезболах во јужен Либан. Армијата додаде дека нападите биле насочени кон воени локации и локации што би се користеле за „воздушни активности на Хезболах“ поврзани со дронови.

Хезболах презеде одговорност за два напади со дронови на локација на израелскиот ракетен одбранбен систем „Железна купола“ во близина на Кфар Блум.

Шиитската организација, исто така, соопшти дека нападнала израелски позиции во спорната област фарми Шеба.

Либански безбедносни извори соопштија дека една жена е повредена во израелското гранатирање на јужниот либански град Басуриех, на околу 30 километри од израелската граница.

Либански безбедносен извор во јужен Либан изјави за ДПА дека Израел во текот на изминатата недела сè повеќе напаѓа длабоко во либанските територии и главно уништувал куќи и згради во јужен Либан.

Целта е целосно протерување на Хезболах од областа, рекол тој

 

Back to top button
Close