Повторно измама со лажна сообраќајна несреќа – 84 годишна скопјанка измамена за над 4.200 евра
МВР информира дека вчера попладне во 18.45 часот во СВР Скопје, 84-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 261.000 денари.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор, требало да плати
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.