Повторно ксенофобични и дискриминирачки реакции во однос на Лев Тахор, овој пат во Охрид

Повторно ксенофибични реакции и најава за протести, овој пат во Охридско, откако на социјалните медиуми и локалните портали се прошири информацијата дека членовите на оваа еврејска група, по Куманово и Скопје ќе бидат сместени во Охрид.

Иако МВР неколку пати најави дека станува збор за група  која не претставува никаква опасност, се апелираше на толерантност и солидарност, нагласено беше дека  е влезена со легална виза и има право во државата да остане 90 дена дел од локалното население се мобилизира преку социјалните и локалните медиуми.

Групата првично беше во КУманово но по нападите од дел од локалното население со јајца и кршење на вратата. МВР со полициска придружба ги префрли во хотел во Скопје каде беа под заштита, но реагираа дека им е одземено правото на слободно движење.

Од МВР уведуваат дека оваа група е со легален престој и привремено престојуваат во државава.

Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поведе постапка за заштита од дискриминација на верската групата „Лев Тахор“. Предметот, како што соопштија од Комисијата, се води по основ на потекло, религиско и верско уверување во областа на пристапот до добра и услуги.

КСЗД, како што се наведува во соопштението, ги следеше и известувањата на медиумите, како и излагањата на невладините организации по повод настаните во Куманово, а по извршениот увид, констатираше дека првенствено немало физички напад од граѓаните кон групата, туку лажна информација била проширена од страна на медиумите.

 

Back to top button
Close