Повторно немири во Холандија, уапсени најмалку 70 лица

– Холандската полиција уапси најмалку 70 лица откако избувнаа нови немири трета вечер по ред за време на протестите поради одлуката на Владата да воведе полициски час како дел од Ковид-мерките.

Шефот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени до 22 часот, во Ротердам се користени водени топови, додека во Харлем е употребен солзавец за да ја растера толпата.

Полицијата соопшти дека напишале речиси 6.000 казни за кршење на мерката за забрана на движење меѓу 21 часот и 4:30 часот.

– Ова нема никаква врска со протестот, ова е криминално дело, рече премиерот Марк Руте во Хаг. 

Back to top button
Close