Повторно се разгоре пожарот во Општина Долнени и стана активен

Од гаснењето на пожарите на територијата на државата / Фото: Принтскрин

Според попладневниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на територијата на државата се регистрирани девет пожари, од кои еден е активен.

Од гаснењето на пожарите на територијата на државата / Фото: Принтскрин

Иако до 12 часот пожарот во Општина Долнени кај селото Стровија, односно кај местото викано Гајдарец – Клепало беше ставен под контрола, тој попладнево повторно се разгоре и стана активен. На оваа локација гори нискостеблеста шума.

Сепак, сѐ уште под контрола е пожарот на планината Готен од беровска страна.

Изгаснати се пожарите во општините Кичево, Куманово, Липково, Чашка, Ресен, Битола и Гевгелија.

Back to top button
Close