Повторно скандал со реставрација на уметничко дело во Шпанија

 Шпанија се соочува со уште еден случај на, според многумина – непрофесионална реставрација на уметничко дело. Овојпат се работи за сликата „Дева Марија“ од шпанскиот уметник Бартоломеј Естебан Муриљо кој живеел во 17. век.

– Мислам дека овој човек – или луѓе – не треба да се нарекуваат реставратори. Тие се квази-мајстори кои само ги прикрпуваат работите. Тие ги уништуваат делава!, нагласи Фернандо Карера, поранешен претседател на шпанското Професионално здружение на реставратори и конзерватори.

Слични критики доживеа и онаа на дрвената статуа на Св. Ѓорѓија од 16. век, којашто по зафатот 2018 година, ја нарекуваа „урнебесен цртан лик“. Љубителите на уметноста, на Твитер, веднаш го споредија и овој потфат со неславно лошата реставрација од 2012 година, на „Ече хомо“ фреската „Исус Христос“.

Back to top button
Close