Повторно тешка сообраќајна несреќа на истото место , клучката Дреново–Фариш. Починат брачен бар

На клучката Дреново – Фариш, каде што вчера се случи сообраќајна несреќа, денеска повторно се случи тежок инцидент со фатални последици. Според првичните информации, животот го загубил брачен пар, што ја зголемува црната статистика на оваа делница.

Овој патен правец уште од неговото отворање е точка на бројни несреќи, од кои дел завршиле со смртни последици. И покрај бројните реакции и апели од страна на возачи и жители од регионот, досега не се преземени конкретни мерки за подобрување на безбедноста – ниту дополнителна сигнализација, ниту инфраструктурни интервенции.

Поради несреќата, попладнево е затворен за сообраќај експресниот пат Прилеп–Градско. Сообраќајот моментално се пренасочува преку автопатот. Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни и строго да ја следат поставената сигнализација.

Се очекуваат дополнителни информации од институциите за тоа колку ќе трае прекинот и дали ќе следуваат мерки за зголемување на безбедноста на оваа опасна делница.

Back to top button
Close