Повторно во светска криза?!

Кај израелско-ирански конфликт, единствено предвидливо нешто е тоа дека ништо не е предвидливо. Честопати тука чекорите што ги преземаме за да ја избегнеме лошата судбина нè водат точно кон неа!

Иран за време нa Шах Реза Пахлави имал блиски односи со Израел и со целиот западен свет. Иран беше една од првите држави што го призна Израел како во 1948 година. Имено, Шах Реза Пахлави, беше модернист со традиционално прозападна ориентација. Но, кога со револуција на власт дојде Ајатолах Хомеини во 1980 година, брзо беше воспоставен агресивна религиозна диктатура, што ги урна сите нормални институции. Ветената светла иднина заврши во темнина.

Иран, со четири илјади години државна традиција, се претвори во црна средновековна клерикална држава, каде што беше прегазен вековниот модернистички дух, спроти вољата на мнозинството млади Иранци кои цо години стоеја или пред раскрсницата или пред кружниот тек!

Ајатолахски режим во Иран постојано се однесува непријателски кон сунитските држави, особено кон оние блиски до САД и Израел. Иран долги години има лоши односи со Саудиска Арабија како многу важна сунтитска држава, и истата ја смета за свој непријател! Со цел да го зајакне шиитизмот во муслиманскиот свет, Иран силно финансирал антисунитски дејности.

За да го ослаби сунитизмот во Арапскиот полуостров, Иран трајно финансираше терористички организации какви што се Хезболах, ХАМАС, Исламски џихад и Хутите од Јемен, и тоа наводно во име на некаква „света“ војна против Израел и западниот свет. Ајатолахите од старт (1980), започна војна со соседната држава Ирак, наводно поради границата кај реката Шат ал-Араб, но вистинската цел беше рушењето на сунитската власт во Багдат. Во таа војан беа убиени милион млади момчиња, индоктринирани со специјален психолошки третман. Познато е дека штом ненормалното го правите за неопходно, катастрофата брзо станува неизбежна!

Иран блиску до атомска бомба
Со цел да го уништи иранскиот систем за збогатување на ураниумот (кој сега веќе е на ниво 60%), што е блиску до атомска бомба, Израел почна со жестоки напади кон тие цели. Убиен е речиси целиот тим што работел во таков проект. Иран има изградено доктрина за уништување на Израел, која како мала држава колку Македонија, може да се уништи со само две просечни атомски бомби. Токму тоа чувство на загрозеност го натерал Израел да произведува свои атомски боми (се мисли дека сега има над 200 такви). Тоа го кажа и поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел.

Оттука, сосема легитимна цел на Израел е да ја оневозможи таквата иранска желба. Па затоа Израел нападна со силно оружје кое може да уништи до 100 метри длабочина. Но, освен убивање на персоналот и екперти кои во моментот биле таму, атомскиот систем сепак остана функционален. Тука единствено што може да помогне е специјалната американска бомба – „GBU-57A/B Massive Ordnance Penetrator“, која тежи над 13.600 килограми, и само таа бомба може да го пробие таквиот длабок оклоп кој се наоѓа во регионот Фордоу.

Војната меѓу Иран и Израел е многу скапа војна. За само 5 дена Израел потроши над осум милијарди евра, а Иран можеби повеќе ако се има предвид дека само една нејзина балистичка ракета чини над 200 милиона долари. Да потсетиме дека според извештајот на израелскиот бизнис весник „Calcalist“ објавен во јануари, кумулативните трошоци само од војната во Газа достигнале 67,5 милијарди долари до крајот на 2024 година. Во “Ynet News” познат израелски портал, се наведува дека само за почетните два дена против Иран, Израел има потрошen над 1,62 милијарди долари.
Од друга страна, според американската Администрација за енергетски информации (EIA), Иран произведувал просечно 3,4 милиони барели сурова нафта дневно во 2024 година, а Кина се чини дека е главниот странски купувач. Во саботата, Иран делумно го запре производството на гас на гасното поле Јужен Парс во Заливот, откако беше погодено од израелски ракети. Јужен Парс, кој Иран го дели со Катар, е најголемото гасно поле во светот. Тоа сочинува речиси 80 проценти од вкупното производство на гас на Иран.

Израел своеглаво го нападна Иран?!
Изгледа дека Израел го нападна Иран без да се договори со САД, знаејќи дека САД ќе мора да го следат. Иран првично се најде збунет, но потоа изгледа успеел да ја пробие „челичната купола“ на Израел и почна психолошки да создаде голем страв во таа држава. Иако Иран е видно ослабена поради долгогодишни санкции, потоа ги снема веќе и нејзините сојузници – Асад во Сирија, либанонскит Хезболах, Хамас бил осакатено со „пејџери“, а Хутите од Јемен се ослабнети и се при крај со воена кондиција. Веројатно тоа го охрабрил Израел сметајќи дека сега е моментот за да се сруши режимот на ајатулахите, и да се врати синот на бившиот крал Шах Резах Пахлави.
Но, тоа воопшто не е лесно, освен со внатрешен бунт. Планинскиот релиев на Иран е неприступачен за надворешни напаѓачи. Затоа Израел планира САД да ги волече во војна што воопшто не е лесно, оти Трамп е многу лут на Нетанјаху, бидејќи го нападна Иран без консултации со главниот свој сојузник. Башка што трансакцискиот Трамп генерално е против војни. Сега никој жив не знае како таму ќе се развиваат работите. Реално, Иран внатре има многу проблеми, првенствено меѓу двете главни нејзини нации Азерите и Балуџите. Но, сепак и тие не се за такви промени на режимот во Техеран. Народот иако е сит од ајатоласите, сепак кога ќе се појави некој надворешен непријател тој го избира помалото зло.
Израел на првичните напади го уништи водството на иранската елитна војска наречена „Национална гарда на Иран“ која е верна на врвниот поглавар Ајатулах Хаменеј. Израел гаѓал точно и прецизно кон врвот на таа елитна единица, поштедејќи го вториот и третиот ешалон на војската за да не се создаде револт и потреба за одмазда кај нив. Времето ќе покаже дали таа војска и понатаму ќе остане докрај верна на режимот на Хаменеј.
Интересно што Русија делува некако ептен воздржано во однос на нападите, а Иран силно ја помогнал Русија против Украина. Можеби мисли дека предавството на предавник не е предавство. Исто така молчи и Кина која веќе сериозно планираше низ територијата на Авганистан да изгради 4.500 км долг нафтовод, од Иран до Кина.
Интересно што светот фундаментално е променет во последниве пет години. Досегашниот меѓународен правен поредок веќе е закопан. Институционалната ерозија почна со пандемијата, а се засили со руската агресија против Украина. Потоа, некој пред две години силно го поттикнал терористичкиот Хамас со цел да предизвика разорна војна. Следеа немилосрдни убивства и разарање во Газа, и конечно ова сега со Иран. Светот е уморен од војни, конфликти и кризи. Таа веќе нема свои функционални институции. Обединетите нации веќе наликуваат на меѓународна невладина организација. Конечно, ако не запре овај најнов конфликт, никој жив не може да предвиди што утре со светот. Ако се случи блокада кај теснецот Ормуз, светот останува со 23 отсто помалку енергетски ресурси. Познато е дека во Катар, Кувајт, Бахраин, Емирати се наоѓаат најголемите светски нафтени компани кои извезуваат низ Ормуз. Оттука, само Господ може да ни помогна, ама и тој е уморен од овдешното денешно (не)човечност, кое на голата вистина веќе гледа како на порнографија! Добро е да ги прифатите луѓето какви што се, оти другите не постојат – вели Конрад Аденауер.

Мерсел Биљали

Back to top button
Close